Сексуално образование во училиштата?

Categorized Under: Млади и образование Dated: 15 април 2010 one Commented

Според истражувањето на Х.Е.Р.А 51,7% од родителите изјавиле дека најголемиот проблем со кој се соочуваат младите е во тоа што немаат доволен пристап до информации од областа на сексуалното образование, а над 91% сметаат дека младите треба да се задобиваат со знаење од оваа област во рамките на училиштата.Најголем дел од учениците, родителите и наставниците се согласуваат дека сексуално образование треба да се воведе во училиштата поради неколку причини.

1. Во моментов учениците во рамките на редовното образование  не добиваат доволно информации или добиваат информации кои што се делумно точни, од типот на сексуалниот нагон во пубертетот не е нормален доколку нема љубов. Ова е изложено во истражувањето на Х.Е.Р.А. Љубов само по часови. Со оглед на тоа што младите рано почнуваат со сексуални односи неопходно е најпрво да се информираат за да се заштитат и да избегнат несакани последици што би било најпожелно да се реализира преку предавања на редовни часови во училиштата.

2. Уште една причина поради која е битно да се воведе овој вид на образование во училиштата е незаинтересираноста на младите да се информираат за полово преносливите болести како и сите други несакани последици од сексуални односи без заштита. Иако поголем дел од самите млади личности се незаинтересирани и неинформирани, барем возрасните и оние чијашто свест е на повисоко ниво треба да превземат нешто и да им овозможат едукација со цел нивна заштита.

Токму поради пасивноста на младите на оваа тематика, а која е од особена важност, за поздравување е акцијата на Х.Е.Р.А и би требало што повеќе млади луѓе да се приклучат и да ја поддржат оваа иницијатива.

One Response to “Сексуално образование во училиштата?”

  1. qvrupqpjz напиша:

    ltAYju dzfqizcmyxna, [url=http://tolsjucirixc.com/]tolsjucirixc[/url], [link=http://xvqzxqxhwblm.com/]xvqzxqxhwblm[/link], http://jldnhiipqwse.com/

Leave a Reply