Бројот на корисници на дрога расте- не дозволувај и ти да бидеш еден од нив

Categorized Under: Некатегоризирано Dated: 29 април 2010 one Commented

Денеска во Македонија над 20 000 млади корисници на дрога, но бројката не стагнира туку е во подем. Една од причините е достапноста на дрогите, но и во самото општество во кои немаат можност за вработување и перспектива. Образованието и воспитанието не ги задоволува потребите на младиот човек, а пак семејството се потешко ги остварува своите воспитни функции.

Во последно време дрогата е се повеќе достапна до млдата популација. Најчесто првото сретнување со дрогата го имаат на журки, во кафулиња, дискотеки и слично. Но воопшто не е тешко да се стигне до одредена дрога и на други места. Сеуште не сме свесни зошто младите воопшто земаат наркотични средства, и  покрај сите проекти за борба против дрогата и настојување да се има настава за дрогата во училиштата, но некогаш се случува и тоа да е против нивна волја.

Интересни видеа и информации за тоа како дрогата има лошо влијание на младите и колку таа може да го промени нивниот живот може да се најдат на http://zivototemojotfilm.com.mk/mk/

…..Мајко моја зошто ми недостига храброст за живот, зошто ме мачи овој живот, зошто таа бесмисленост во мене, зошто ми недостига волја за живот, морав ли со хашишот, со тоа лажно проклетство да се измамам себеси и да станам она што сега сум пред вас…Докторе неможам повеќе, верувајте ми, се чувствувам заморно, душевно сум многу потиштен, апатичен, незаинтересиран за себе и за мојот живот, пренапнат сум, сакав да побегнам од овој живот и од овој свет што ме опкружува, зошто мислев дека постои нешто подобро од овој свет, мислев дека тоа го знам само јас и можам да го разберамбидејжќи сум  го доживеал тоа, но видов дека многу грешев…..

 

          Оваа беа зборови на еден пациент-корисник на дрога кој му се жалел на својот лекар. Сигурно не би сакале да завршите на негово место. Жално нели……

One Response to “Бројот на корисници на дрога расте- не дозволувај и ти да бидеш еден од нив”

  1. Viktor напиша:

    “Денеска во Македонија над 20 000 млади корисници на дрога, но бројката не стагнира туку е во подем. ”

    Од каде е информацијата? Отидов на сајтот zivototemojotfilm.com.mk и ја исполнив анкетата која покажа дека 43% пробале марихуана, 11% пробале ЛСД итн итн… Но ја нема бројката на колку гласале? Што ако гласале 20 души? Тоа не значи дека 43% од младата популација користи дрога? … u get my drift? Сега треба да верувам на тие информации? Од каде се земени? Од ХОПС? Oд клиники? Од полиција?

    Сега – Марихуаната е опасна дрга, меѓутоа нема количина за прекумерно дозирање, не доведува до автомобилски несреќи и насилство. Во многу ЕУ земји марихуаната се толерира за лични потреби – http://eldd.emcdda.europa.eu/html.cfm/index5769EN.html. Медицинската употреба се повеќе се легализира, најновото во Калифорнија.

    Алкохолот од друга страна ги прави сите тие работи! Меѓутоа е легален? Зарем има сајт за образување на луѓето за штетата од алкохол? Колку млади пијат? 90 отсто?

    Супер е иницијативата да се образуваат младите за дрогите, но време е да се даде и објективно гледиште на работите.

    И на крај… изјавата на „пациентот“ може да биде од секој тинејџер кој раскинал со девојка му или кој е депресивен поради пубертет. Тинејџерите се склони кон претерување во емоциите… we have all been there :).

    „сакав да побегнам од овој живот и од овој свет што ме опкружува, зошто мислев дека постои нешто подобро од овој свет“ хаха тоа секој ќе го каже. Сите тежнееме кон подобро.

Leave a Reply