Праксата при студирањето

Categorized Under: Млади и образование Dated: 29 април 2010 one Commented


Честопати ние студентите при упис на факултет не сме знаеле дали сме направиле прав избор при студирање. Без разлика на сето тоа нашата идна професија не би си ја знаеле во целост што ни преставува доколку не би постоело пракса при студирање. Без неа нема да дозаеме дали сме направиле правилен избор при студирање и дали ние во иднина би се залагале да го работиме тоа и да вложуваме секакви напори за да ја оствариме нашата зацртана цел.

Но, Дали во нашата земја, Р.Македонија е застапена доволно праксата при студирање и дали факулетите ни го овозможуваат тоа ?

Според мое соогледување сметам дека во нашата земја не постои голем пристап до праксата, во компаниите владеат сеуште некои  застарени сваќања и не се доволно заинтересирани на младите академски граѓани да им го пренесат нивното искуство и знаење. Тоа е е еден демотивирачки фактор кој влијае врз студентите и со тоа нив ги мотивира да бараат практична работа надвор од нашата земја, каде квалитетот на луѓето е ценет. Исто така преку праксата компаните можат да им се  проценит нивниот  квалитетите и да им  се овозможат исто така и работно место.Тоа е од една страна,но од друга страна има и недоволна заинтересираност на студентите за практична работа или пак недоволна информираност. Но,како би биле информирани доколку некој не се залага за тоа на пр. како факултетите што се тука. Постојот многу креативни луѓе кој постојано сакаат да ги креираат и менувнуваат, секако за сето тоа мора некој да потикне на таков чекор.

Се надеваме дека во иднина ќе се побијат сите тие мислења, тензии и ставови во врска со праксирањето. И сите ние млади академски граѓани со тоа би придонеле да ни се подобри развојот во Р.М.

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution 2.5 Macedonia License.

One Response to “Праксата при студирањето”

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Tenevski Gjorgi. Tenevski Gjorgi said: Праксата при студирањето: Честопати ние студентите при упис на факултет не сме знаеле дали сме направиле прав избо… http://bit.ly/9lyFdE […]

Leave a Reply