Archive for декември, 2010

Ставот на младите од Македонија за ЕУ

Categorized Under: Млади и образование Dated: 09 декември 2010 No Commented

Европа…..Европска Унија, блиску но сепак далеку, од Македонија, македонскиот народ. Заблуда или вистина за кого како . Дел од младите луѓе сметаат дека со влезот во ЕУ ќе им се отвори вратата за успех и дека тоа ќе преставува автоматско решение за сите можни проблеми. Секако, со влезот во ЕУ, Македонија на некој начин би го сменила начинот на дотогашното живеење со кој би се создале и подобри услови. Но, тоа не значи дека  веднаш, магично, ќе ни се промени моменталната ситуација, дека  ќе живееме подобро, ќе бидеме посреќни од другите, ќе има поголем број вработувања, а помалку криминал..

Една од потешкотиите со кои се соочуваат  младите во Р.Македонија е тоа што иако со визната либерализација имаат право на слободно движење, економски се неспособни тоа и да го остварат. Но, пак од друга  страна со членство би се зголемила економската моќ на државата, што понатаму нуди можности за подобро пласирање на македонските производи на единствениот европскиот пазар. Македонскиот народ со исполнување на критериумите за членство добива отворена можност да стане дел од големото европско семејство, да научат за различните обичаи, култури, историја на европските народи. Воедно, ќе добиеме шанса одблиску да им ја претставиме нашата земја со сите нејзини природни и културни богатства на европејците. Особено важно за младите луѓе е што ќе им се отворат многу нови можности за збогатување на академското знаење и доквалификација, што им ветува подобар пласман на пазарот на трудот и подобра иднина.

Дел од младите сметат дека македонскиот глас нема да се слушне во ЕУ, бидејќи Македонија е премногу мала држава. Без разлика дали се работи за мала или голема држава одлучувањето на институциите во ЕУ е смислено така што ниедна држава нема толкава моќ да ги наметнува своите одлуки, без да не ги испочитува другите држави – членки.

Јас лично сметам дека со влезот во ЕУ ќе биде едно големо позитивно искуство за сите нас во Р.Македонија, бидејќи тогаш ќе мораат да се испочитуваат многубројни стандарди за работа, образование, здравство  и други области на кои им се потребни реформи. На мене како студент ќе ми се овозможи полесна студенска размена од многубројните европски градови.

Р. Македонија е мала држава, која поминала тежок пат до своето осамостојување и сеуште се соочува со многу пречки и потешкотии во борбата за свое афирмирање на меѓународната сцена. Но, македонците никогаш не биле народ кој лесно се откажува. Мнозинско мислење на македонците е дека сакаат да ја видат својата земја како дел од Европската Унија. А, македонското сонце заслужува да биде дел од европското соѕвездие, и да заблеска заедно со останатите европски држави. Останува на нас младите луѓе да ја прифатиме одговорноста за тоа колку ќе придонесеме нашата земја тоа и да го оствари.

Заштити се себеси и другите

Categorized Under: Некатегоризирано Dated: 01 декември 2010 No Commented



Се проценува дека во светот постојат заболени со ХИВ/Сида над 38 милиони луѓе. Половина од тие луѓе се на возраст од 15-24 години . Од година на година бројот на заболени и смртни случаеви расте се повеќе и повеќе.

Постојат многу начини да се направи разлика, како поеднец, на факултет, на училиште, на работа и сл. Но дали може ХИВ вирустот да направи разлика помеѓу луѓето?Секако дека не, вирусот не бира според бојата на кожата, по професија, по материјална сигурност, бира по неупатеност .

Многумина од младите не знаат  под какви се околности може да се дојде до негово заразување и како треба да ги прифатат сите тие кои се заболени и како да се однесуваат со нив,а не да се дискриминираат. Сето тоа е поради недоволната инфоримраност на населението за болестите кој настануваат, за нивна превенција и заштита. Во светот во кој луѓето живеат со ХИВ треба да се третираат како рамноправни граѓани со почит, достоинство и правда, и секој знае како да се заштитат себеси и другите од ХИВ.

Треба да знаеме дека :

Денес во Р.Македонија се регистрирани 111 случаии со ХИВ/Сида, од кои 93 се болни од Сида.

Хив – преставува хумана (кај човекот) имунодефициенција.,а Сида – синдром на стекната имунодефициенција

Хив се пренесува преку:

  • користење на заеднички игили,шприцеви
  • Трансфузија на крв,крвни продукти
  • Употреба на нестелеризирани инструменти за тетовирање,пирсинг
  • Незаштитен сексуален однос
  • За време на бременост,породување,доење на бебето
  • Спермата и предсемената течност

Хив не може да се пренесе преку:

  • Гушкање
  • Ракување
  • Бакнување
  • Јавни говорници,тоалети,базени
  • Дружење со лица кој се инфицирани со ХИВ
  • Храна подготвена за лица инфицирани со ХИВ
  • Кашлање, кивање
  • Преку комарци и др инсекти

1 Декември е прогласен за Светски Ден за заштита од Сида и на овој ден се организираат различни манифестации, се организираат најразлични донации.Целта е да се поддржат напорите за превенција на пандемиското ширење на ХИВ, да се подобрат условите за лекување и услугите, да се елиминира стигматизацијата и дискриминацијата на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА.

Темата на Светскиот ден за борба против СИДА-та се фокусира на аспектот на човековите права, под слоганот
“Ги живеам моите права. Стоп за сидата. Одржи го ветувањето”.