Ставот на младите од Македонија за ЕУ

Categorized Under: Млади и образование Dated: 09 декември 2010 No Commented

Европа…..Европска Унија, блиску но сепак далеку, од Македонија, македонскиот народ. Заблуда или вистина за кого како . Дел од младите луѓе сметаат дека со влезот во ЕУ ќе им се отвори вратата за успех и дека тоа ќе преставува автоматско решение за сите можни проблеми. Секако, со влезот во ЕУ, Македонија на некој начин би го сменила начинот на дотогашното живеење со кој би се создале и подобри услови. Но, тоа не значи дека  веднаш, магично, ќе ни се промени моменталната ситуација, дека  ќе живееме подобро, ќе бидеме посреќни од другите, ќе има поголем број вработувања, а помалку криминал..

Една од потешкотиите со кои се соочуваат  младите во Р.Македонија е тоа што иако со визната либерализација имаат право на слободно движење, економски се неспособни тоа и да го остварат. Но, пак од друга  страна со членство би се зголемила економската моќ на државата, што понатаму нуди можности за подобро пласирање на македонските производи на единствениот европскиот пазар. Македонскиот народ со исполнување на критериумите за членство добива отворена можност да стане дел од големото европско семејство, да научат за различните обичаи, култури, историја на европските народи. Воедно, ќе добиеме шанса одблиску да им ја претставиме нашата земја со сите нејзини природни и културни богатства на европејците. Особено важно за младите луѓе е што ќе им се отворат многу нови можности за збогатување на академското знаење и доквалификација, што им ветува подобар пласман на пазарот на трудот и подобра иднина.

Дел од младите сметат дека македонскиот глас нема да се слушне во ЕУ, бидејќи Македонија е премногу мала држава. Без разлика дали се работи за мала или голема држава одлучувањето на институциите во ЕУ е смислено така што ниедна држава нема толкава моќ да ги наметнува своите одлуки, без да не ги испочитува другите држави – членки.

Јас лично сметам дека со влезот во ЕУ ќе биде едно големо позитивно искуство за сите нас во Р.Македонија, бидејќи тогаш ќе мораат да се испочитуваат многубројни стандарди за работа, образование, здравство  и други области на кои им се потребни реформи. На мене како студент ќе ми се овозможи полесна студенска размена од многубројните европски градови.

Р. Македонија е мала држава, која поминала тежок пат до своето осамостојување и сеуште се соочува со многу пречки и потешкотии во борбата за свое афирмирање на меѓународната сцена. Но, македонците никогаш не биле народ кој лесно се откажува. Мнозинско мислење на македонците е дека сакаат да ја видат својата земја како дел од Европската Унија. А, македонското сонце заслужува да биде дел од европското соѕвездие, и да заблеска заедно со останатите европски држави. Останува на нас младите луѓе да ја прифатиме одговорноста за тоа колку ќе придонесеме нашата земја тоа и да го оствари.

Leave a Reply